Успешно заврши излегувањето во отворена вселена на двајца американски астронаути од МВС

Во текот на вчерашниот ден успешно заврши излегувањето во отворена вселена на двајцата американски членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС), пренесе ТАСС, повикувајќи се на НАСА.

Целта на „вселенската прошетка“ на астронаутите Бари Вилмор и Тери Вертс беше подготовката на орбиталниот комплекс за прифаќање на новите американски пилотирани вселенски бродови.

Вилмор и Вертс излегоа во отворениот простор во 7,45 часот по времето на американското источно крајбрежје (15.45 часот по средноевропско време).

Нивната „прошетка“ траела шест часа и 41 минути.