Балкан

Меѓународна конференција „Слика на жените во медиумите“ Успешните жени да бидат пример за младите

Успешните жени да бидат пример за младите

Во Србија мора да се смени сликата на жената во медиумите, која треба да биде со позитивни вести, а не да се промовираат сензационалистички вести, изјавија учесниците на втората меѓународна конференција „Сликата на жените во медиумите” организирана од „Клубот на првите жени”.

Советничката на претседателката на Координативниот орган за родова еднаквост, Лилјана Лончар, рече дека ова тело работи и на промена на сликите на жените во медиумите, бидејќи таа слика не е тоа што треба да биде и прикажува жени на деградирачки начин.

Лилјана Лончар
Лилјана Лончар

Многу е поважно како се облечени, нашминкани, какво е деколтето и чантите што ги носиме, отколку што зборуваме, истакна Лончар.

Познато е дека жените треба заедно да се борат против таквите слики во медиумите, но не така што ќе седат со скрстени  раце.

Лончар истакна дека улогата на медиумите е од суштинско значење, бидејќи тие формираат слика за жените во јавноста, која ја прифаќат младите генерации.

Лончар истакна дека е потребно да има повеќе жени на репортерски и раководни позиции во медиумите, но дека треба и да го препознаат значењето на одговорноста што ја имаат во таа смисла.

Барамеод медиумите да известуваат за родовите теми чувствително, а не сензационалистичко. Сакаме да имаме поголема емпатија во медиумите, особено за жртвите на семејно насилство, истакна Лончар.

Таа нагласи дека жените, исто така, мора да бидат подеднакво платени како и мажите за истиот бизнис.

Претседателката на здружението „Клуб на првите жени”, Дијана Глигоријевиќ, рече дека своите активности и поврзувањето со женски здруженија ќе се прошират во регионот во наредниот период.

Целта е, како што вели, да се смени сликата за жените во јавноста и да се промовираат жените како успешни и разумни, како добри жени, бизнисмени, политичари и друго.

Директорката за претприемништво при Стопанската комора на Србија, Бранислава Симаниќ, која е членка на Советот за родова еднаквост на градот Белград, кажа дека жените треба да бидат повеќе присутни во сите сфери.

Бранислава Симаниќ
Бранислава Симаниќ

Таа рече дека ПКС интензивно работи на промовирање на жените и женските претпријатија и затоа започна кампањата Србија – земја на успешни приказни, која ќе ги промовира и успешните приказни на нашите жени. Симаниќ истакна дека целта е успешните жени да бидат добар пример за младите.

Учесници на конференцијата, беа академици, министри, успешни жени претприемачи, архитектки, жени од областа на книжевноста, спортистки… Од нашата земја, учесник на конференцијата беше Лидија Станчевска Кумева од новинската агенција „Нетпрес“.