Успорува ширењето на епидемијата од ебола

Ширењето на смртносниот вирус на ебола, од кој починаа над 8.400 луѓе во Западна Африка, најверојатно успорува, изјави специјалниот претставник на Обединетите нации за борба со еболата, д-р Дејвид Набаро.

Тој истакна дека се гледаат резултатите на нивната работа и оти се гледа првичното успорување на ширењето на болеста.

– Има уште најмалку 50 критични точки во западноафриканските земји, но бројот на нови  инфицирани во трите најпогодени држави се намалува, посочи д-р Набаро.

Светската здравствена организацијата претходно соопшти дека од петти до 11 јануари во Гвинеја регистрирала најмал број на нови случаи со ебола од средината на август.  Втора недела по ред во Сиера Леоне бројот на заболени е на најниско ниово од крајот на август.