петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 0

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за помилувањата на Иванов

Со оглед на тоа дека тие одлуки веќе не постојат судот ги отфрлил иницијативите, бидејќи тој веќе нема што да оценува.

ustaven-640x294

Последни вести

Уставниот суд ги отфрли двете иницијативи за оценување на уставноста на одлуките за помилување на 56 лица од страна на претседателот Ѓорге Иванов, коишто ги донесе во април годинава.

Претседателот Иванов врз основа на одредби од Уставот, како и врз основа на одредби на Законот за помилување и од Законот за дополнување на законот за помилување, а во врска со член 114, Став 1 од Кривичниот законик, на 27 мај 2016 година донел одлуки за поништување на своите одлуки за помилување за сите поедично наведени лица и со оглед на тоа дека тие одлуки веќе не постојат судот ги отфрлил иницијативите, бидејќи тој веќе нема што да оценува, посочуваат од Уставен суд.

Најчитани вести