Уставниот суд ќе ја разгледува Одлуката за распуштање на Собранието

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија ќе биде разгледана денеска од страна на Уставниот суд на Република Македонија.

Оваа иницијатива, која е поднесена од пратеникот на ДУИ Талат Џафери, е единствена точна на дневен ред на седницата.

Инаку, уставните судии во февруари годинава веќе расправаа и ја отфрлија Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието.

Од Уставниот суд посочуваат дека Иницијативата поднесена од Талат Џафери има целосно нови елементи и оти за овој предмет има нова анализа.