четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 10

Уставниот суд ќе решава за легитимноста на помилувањата на Иванов

Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе ја оценува уставноста на одлуките за помилување - ослободување од гонење без спроведување постапка, донесени од претседателот Ѓорге Иванов на 12 април годинава.

106178668

Поврзани вести

Ќе се оценува уставноста на одлуката за помилување на 56 лица, поранешни и актуелни функционери и нивни соработници.

Иницијативата за оценување на уставноста беше поднесена по нивното објавување.

На 27 мај претседателот Иванов ги повлече аболициите за политичарите, а на 6 јуни беа повлечени сите аболиции.

Во периодот додека беа во сила помилувањата, беа прекинати сите предистражни и истражни постапки што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а кои се однесуваа на лица опфатени со помилувањето.

Најчитани вести