Уставниот суд на Албанија ќе го разгледува Законот за територијална поделба

Здруженијата и партијата на Македонците во Албанија се надеваат дека доставувањето на барањето до Уставниот суд за оценување на уставноста на сега веќе усвоениот закон за територијална поделба на Албанија од страна на опозицијата може да го врати законскиот текст на повторна расправа во Собранието.

Оценката за Макфакс ја дал Никола Ѓурѓај, новинар и аналитичар и главен уредник на македонскиот весник „Илинден“ кој се печати во Тирана.

-Самиот факт што најголемата опозициона партија веќе достави барање до Уставниот суд околу овој за нас спорен закон е сосема нормално да се верува дека е можно овој суд да го оспори законот. Во оваа насока треба да се има предвид дека големи забелешки на овој закон со кој се укинуваат општини на малцинствата особено на македонското имаше и асоцијацијата на општините во Албанија, но и меѓународниот фактор. Сите овие реакции и нормално нашите реакции како малцинства, веруваме дека судот ќе ги има предвид, објаснил Ѓурѓај за Макфакс.

Со усвоениот закон за новата административно територијална поделба на Албанија за кој забелешки имаше и претседателот на државата Бујар Нишани укинати се општините каде живее македонското малцинство во Албанија и тоа во Голо Брдо и Горана освен општината Пустец, објаснува Ѓурѓај.

Реакции за овој закон имаше и грчкото малцинство во Албанија