Уставното име и унитарниот карактер на Македонија да се загарантраат преку уставни амандмани

Сеопфатна национална македонска стратегија е најдоброто решение со кое би можеле да се надминат актуелните проблеми, велат познавачите, по покренувањето на иницијативата за македонска платформа од страна на Социјалистичката партија. Дел од аналитичарите сметаат дека Македонија одамна требало да направи своја национална програма, пред тоа да го сторат албанските партии како услов за учество во владата.

„Иницијативата за македонска платформа предложена од страна на Социјалистичката партија не е новост во политичката реалност во Македонија. Досега имаше неколку слични иницијативи кои што одеа повеќе во насока на поставување црвени линии за сите македонски партии, во смисла на тоа дека постојат основни вредности кои ја одржуваат државата, а тоа се неменување на име и Устав, и ниту една македонска политичка партија не треба и не смее да дозволи преговарање“, смета политичкиот аналитичар Тони Науновски.

Универзитетската професорката Тања Каракамишева-Јовановска, пак смета дека наместо креирање на македонска платформа, подобро би било прашањето за македонските национални интереси да се отвори по пат на дијалог.

„Не сум приврзаник на идејата да се фатиме на албанската мамка за итно креирање некакви платформи, бидејќи сите решенија кои би произлегле како реакција на албанската платформа во јавноста веќе добија етикета на некакви контра-решенија спротивни на албанските. Многу повеќе сум приврзаник на идејата за отворање на прашањето по пат на дијалог зошто во РМ до сега немаме направено сериозна и сеопфатена национална Македонска стратегија во која ги биле регулирани сите национални интереси и вредности од стратешки интерес и важност за земјата. Можеби, ќе дојдеме до заклучок дека сеопфатна национална македонска стратегија е најдоброто решение со која би можеле да се надминат актуелните проблеми. Или можеби ќе дојдеме до сознание дека некаков поконцизен Македонски документ за клучните национални прашања, интереси и вредности би бил попродуктивен од стратегијата“, посочува во изјава за Нетпрес, универзитетската професорка.

Најважно во целиот овој процес се дијалогот и сеопфатноста, вели Каракамишева-Јовановска, односно постигнување на македонски консензус со кој би се дефинирало дека е потребно да се направи документ од национално значење за граѓаните и за државата.

„Најголемата гаранција на таквиот документ би била негово инкорпорирање во Уставот, посебно оние сегменти кои во моментов се доживуваат како најранливи: државотворноста, името на државата и македонскиот идентитет. Токму затоа, според мене, подготовката на процесот за формулирање нови уставни амандмани со кои би се забетонирале најранливите прашања и би се затвориле сите илузии дека е можно овие прашања да се менуваат преку некакви платформи скроени од надвор, е најсуштинска“, вели Каракамишева-Јовановска.

Според неа, платформите, дури и да бидат потпишани и прифатени од сите немаат задолжителен карактер и вредност како што тоа го има Уставот.

„Токму затоа сметам дека треба да се предложат неколку уставни амандмани во кои би се дефинирало дека во Република Македонија, македонската нација е единствената државотворна нација, а дека македонската нација ја сочинуваат Македонците и деловите од народите набројани во преамбулата на Уставот, како и да се донесат два нови амандмани во преодните и завршни одредби во кои изречно ќе стои дека „Уставното име Република Македонија, како и унитарниот карактер на државата (републиканскиот облик на владеење) е забрането да бидат предмет на уставна измена или дополнување“, потенцира Каракамишева- Јовановска за Нетпрес.

Националните интереси и националните вредности, како што вели професорката по уставно право, најдобро се заштитуваат преку доследно, целосно, и неселективно почитување и примена на Уставот на РМ и на законите.

„Во изминатите 25 години бевме сведоци дека многу често, мотивирано од разно-разни, политичко-партиски и етнички интереси токму Уставот, како и правниот систем на државата во целина беа предмет на политичко поткусурување и предмет на политички игри кои негативно се одразија врз квалитетот на реализирањето на уставните норми и дејствувањето на органите кои се дел од правниот систем во земјата. Мислам дека во овој момент е многу поважно како држава и како нација фокусот да ни биде ставен кон целосно враќање на патеката зацртана во начелото на владеење на правото, како и кон целосно почитување на овој принцип од секој поединец, група, орган, партија и слично, отколку фокусот да ни се пренасочува на некоја друга страна. Можеме да го отвориме прашањето за тоа дали Уставот и законите ја даваат целата потребна заштита на македонските национални интереси, дали и колку тие се загрозени со понудената албанска платформа, и колку оваа платформа е реална и спроведлива во пракса ако ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави да гласа закони кои евентуално би биле предложени во Собранието на РМ, а втемелени врз решенијата во платформата“, додава Каракамишева-Јовановска.

Од друга страна, пак, најистакнатите медиумски експоненти на СДСМ и Сорос, иницијативите за создавање на таканаречена Македонска платформа ги нарече „удбашки обиди за разнебитување на Македонија“, како и „националистички и шовинистички обиди за крвопролевање во земјата“.

„Се разбудија старите удбашки структури, повампирени, пак жедни за македонска крв, со наум конечно да ја остварат целта што не им успеа во 1991 година и потоа десет години подоцна, во 2011 година – да ја разнебитат и да ја распарчат Македонија. Така како што им ветија на своите налогодавци Милошевиќ и Мицотакис, но, за среќа, не го исполнија ветувањето“, пишува Героски во неговата најнова колумна.

Героски бара Али Ахмети да го повикал за да му даде десет предлози и за знамето, и за химната и за другите точки од албанската платформа:

„Верувајте, сите прашања покренати во Тиранската платформа се лесно решливи. И за знамето. И за химната. И за статусот на заедниците конституенси на државата… Не знам како да ве убедам во тоа. Еве, нека ме викне Али и јас лично ќе му дадам десет предлози што тој, едноставно, нема да може да ги одбие“, наведува тој во колумната насловена „Удбашка платформа за разнебитување на Македонија“

Националните интереси и националните вредности најдобро се заштитуваат преку доследно, целосно, и неселективно почитување и примена на Уставот на РМ и на законите. Во изминатите 25 години бевме сведоци дека многу често, мотивирано од разно-разни, политичко-партиски и етнички интереси токму Уставот, како и правниот систем на државата во целина беа предмет на политичко поткусурување и предмет на политички игри кои негативно се одразија врз квалитетот на реализирањето на уставните норми и дејствувањето на органите кои се дел од правниот систем во земјата. Мислам дека во овој момент е многу поважно како држава и како нација фокусот да ни биде ставен кон целосно враќање на патеката зацртана во начелото на владеење на правото, како и кон целосно почитување на овој принцип од секој поединец, група, орган, партија и слично, отколку фокусот да ни се пренасочува на некоја друга страна.

Можеме да го отвориме прашањето за тоа дали Уставот и законите ја даваат целата потребна заштита на македонските национални интереси, дали и колку тие се загрозени со понудената албанска платформа, и колку оваа платформа е реална и спроведлива во пракса ако ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави да гласа закони кои евентуално би биле предложени во Собранието на РМ, а втемелени врз решенијата во платформата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.