Уште денес сончево и топло, од утре заладување и дожд

Денеска во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Минималната температура од 1 до 9, а максималната 24 до 31 степен.

Во Скопје, сончево соумерена облачност и со слаб јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Минималната температура до 8, максималната 28 степени.

Од утре следува период на променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Во понеделник кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса од север. Ќе започне да дува засилен северен ветер, кој во наредните денови ќе услови значителен пад на температурата на воздухот и се очекува да опадне и до 15 степени во споредба со денешната.