Уште двајца малолетници ограбени под закана со нож во Скопје

Откако во петокот вечерта во централното гратско подрачје на главниот град во два одделни случаи беа нападнати и играбени вкупно тројца малолетници, полицијата регистрираше идентичен случај и во саботата вечерта повторно во близина на центарот

Синоќа околу 18,00 часот во Скопје на улицата „Димитрија Чуповски“, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз двајца малолетници М. Т. и Н. М. од Скопје.

На двајцата малолетници им одземале околу 1200 денари, а потоа со трчање се упатиле кон плоштад „Македонија“.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. Засега нема податоци дали споменатите случаи од минатата седмица се поврзани.