Уште две новороденчиња починаа на Детската клиника

Новороденче и четиримесечно бебе од Гевгелија со респираторен инфект и тежок малформативен синдром со засегнувања на повеќе органи – срце, белите дробови…, почина во средата на Одделот за интензивна нега при Клиниката за детски болести, а овој смртен случај е седми за само десет дена.

Новороденчето се лекувало уште од раѓање, а второто починало веднаш откако било префрлено на клиниката. Четиримесечното девојче имало тешка вродена аномалија, уште од раѓање имало проблеми со срцето и белите дробови. Пред два дена, третпат било хоспиталчизирано на детската клиника, веднаш било ставено на респиартор, но, за жал, утринава починало. Состојбата му се влошила откако добило инфекција, која претходно ја лекувале лекарите во гевгелиската болница, но здравстевната сосотојба не му се подобрувала и го пратиле во Скопје.

Новороденчето, пак, задравствените проблеми не ги преживаело ниту еден ден. Починало кусо откако од Гинекологија го префрлиле на Детската клиника

 

Четиримесечно бебе изутрината починало на скопската Детска клиника. Детето, чии родители се од село Негорци, било сместено на интензивна нега. Починало од синдром што ги напаѓа срцето и белите дробови и во најголем број случаи, како што изјави директорката Ставриќ, висок е процентот на смртност кај ваквите деца. Родителите на четири месечното бебе обвинуваат за лекарска грешка.

Овој смртен случај е седми за само десет дена. На гинекологија починаа четири новороденчиња, а во Струга и Охрид седуммесечно бебе и две ипол годишно дете. Сѐ уште се чека извештајот од комисијата за смртта на новороденчињата.

За смртта на бебето од Негорци зборуваше директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ, која рече дека починало и новороденче од Гостивар донесено на Клиниката во тешка здравствена состојба и кое веднаш било ставено на респиратор починало денеска.

„Ова е терциерна установа. Сите најтешки случаи доаѓаат тука. Ние докторите и покрај тоа што имаме можности од опрема и знаење не секогаш можеме се да излечиме. Се случува тешки деца и да починат. Тоа се тешки деца кои престојуваат во интензивна нега на машини. Голем дел од нив преживуваат со овие можности и со несебичната заложба на докторите и на сестрите, но не секогаш тоа е возможно“, посочи Ставриќ.

Рече дека новороденчето од Гевгелија од самото раѓање е донесено на Клиника со проблеми, престојувало на интензивна и тогаш почетно било на респиратор. Со подобрување на состојбата, посочи таа, е пренесено на Одделот за интензивна нега.

„Основниот проблем е што преградите во носот биле затворени и било отежнато дишењето. Тоа е решено, меѓутоа по стабилизирање на состојбата детето е пуштено дома. Има уште еден краткотраен престој повторно поради некоја цијаногена криза која ја направило. Кратко престојувало на Клиниката во јуни и на 28 август била третата негова хоспитализација. Донесено е со еден респираторен инфект, значи при самата постапка при прием е дојдено до влошување на состојбата поради што веднаш е префрлено на Одделот за интензивна нега и терапија каде е поставено на респиратор“, истакна Ставриќ.

Посочи дека помалку од два дена новороденчето имало престој во тешка состојба, за цело време на респиратор, но, како што појасни, и покрај сите заложби и терапевски процедури кои се преземени, сепак завршило со лош исход.

„Станува збор за синдром кој и во литературата има висока смртност. Обично овие деца не ни преживуваат шест месеци, а многу ретко година дена. Така што станува збор за директна последица на инфектот која доведе до ваков исход. Тоа е белодробен инфект, бронхиолит, како бронхит, третирано е во матичната установа. Матичниот доктор неколку дена го лекувал со антибиотици, со инхалации и поради неподобрување е донесено со возило на Итна медицинска помош на нашата клиника’, рече Ставриќ.

Потенцираше дека од самото раѓање детето е познато на Одделот и е дијагностицирано, вклучени биле тим генетичари, ендокринолози кои поставиле сомнение за овој синдром.
Поради тоа што ризикот оваа малформација да се појави и кај идните деца на мајката, на која починатото и било првороденче, Ставриќ рече дека и стојат на располагање за консултации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.