Уште еден ден за доставување барања за субвенции за задругите

До саботата трае рокот до кој може да се достават барањата за основање и работење на земјоделските задруги.

Во првата година од основањето задругите имаат право за директорот и еден агроном или ветеринар да побараат субвенции во висина од една месечна просечна плата.

Финансиската поддршка е неповратна, а средствата се предвидени за основањето и за работењето на регистрираните земјоделски задруги.

Субвенциите за осигурителните полиси за задругарите се повисоки и изнесуваат од 70 до 80 отсто, во зависност од големината на задругата, но не повеќе од три милиона денари на годишно ниво. Барањата се доставуваат секои три месеца, а првиот рок е до 15-ти април годинава.

Досега во Македонија се запишани 29 земјоделски задруги, од кои 24 од мал и пет од голем обем, со вкупен капацитет од 870 хектари обработлива површина, 260 пчелни семејства, 450 говеда, 250 овци и 200 кози.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.