Уште еден џихадист од Албанија загина на боиштата во Сирија

Уште еден албански државјанин кој војувал на страната на џихадистчката група Исламска држава (ИД) е убиен на боиштата во Сирија, објави МИА.

Станува збор за 25-годишниот Доријан Куќо од селото Ремен кај Подградец.

Веста за неговата смрт ја соопштило неговото семејство. Тие потврдиле дека во изминатиот период тој комуницирал со  нив, а од неговиот телефон последно се јавило друго лице за да ги извести за неговата смрт.

Куќо за Сирија заминал во јули 2013 година и воопшто не се вратил во родниот крај. Пред заминување проповеди добивал од самопрогласениот имам Генци Бала, кој по обвинение за регрутирање млади за боишптата во Сирија и Ирак е во притвор заедно со уште десеттина други лица.

Со загинувањето на Куќо, бројот на албанските државјани кои како џихадисти загинале на боиштата во Сирија се искачи на 16, додека вкупната бројка на убиени Албанци од Балканот е над 80.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.