Уште еден џип украден во Скопје

По серијата кражби на лускузни теренци и автомобили изминатите денови, во четвртокот уште еден скопјанец пријавил дека од паркинг му е укреден џипот „ровер евок“.

Во Полициската станица Карпош во четврокот претпладнето, 55-годишниот Г.Б. од Скопје пријавил дека на во периодот од средата попладнето до четвртокот претпладнето од паркинг просторот пред зграда на улица „Никола Парапунов“, во скопската населба Карпош 4, од страна на непознат сторител било одземено возило „Ренџ Ровер Евок“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице.

Со извршеното кривично дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 2.460.000 денари.