Спорт

нова странска аквизиција во францускиот фудбал Уште еден француски прволигаш во странска сопственост

Уште еден француски прволигаш во странска сопственост

Американската инвестициска групација „Peak6“ од Чикаго ќе стане новиот мнозински сопственик на Сент-Етјен, еден од најтрофејните француски фудбалски прволигаши.

Сент-Етјен десет пати бил првак на Франција, меѓутоа, последната титула ја освоил уште пред 37 години, во сезоната 1980/81 година. Овој клуб ќе стане вториот француски прволигаш кој е во американска сопственост, откако во 2016 година Франк Меккурт го купи Олимпик Марсеј. Овој Американец е поранешен сопственик на бејзбол клубот Лос Анџелес Доџерс.

Воедно со овој потег продолжува практиката на преминување на француските спортски клубови во странска сопственост. Најмоќниот клуб, Пари Сен Жермен е во рацете на катарскиот бизнисмен Насер ал-Келафи, мнозински сопственик на Монако е рускиот претприемач Дмитриј Роболовјев, а Ница ја купи кинеско-американски инвестициски конзорциум.