Уште еден напад на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, овој пат во Неготино

Вчерашниот вандалски чин е втор во низа и само ги потврдува информациите дека СДСМ оди на валкана кампања и се обидува да испровоцира инциденти со кои би фрлиле дамка на изборите и би отвориле простор за непризнавање на резултатите.stab1-640x360

Во прилог на вандалското однесување оди и индиферентноста на техничкиот министер за внатрешни работи и генерален сектетар на СДСМ, Оливер Спасовски, и молкот на Министерството за внатрешни работи, кое не излезе со никаква информација околу идентитетот на сторителите кои во Струмица го уништуваа пропагандниот материјал на „Коалицијата за подобра Македонија“.

Овој вандалски чин е втор во низа во период од само 24 часа, откако во понеделникот доцна вечерта во Струмица платени хулигани од страна на СДСМ го уништија централниот банер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој е носител во четвртата изборна единица. Освен оштетувањето на банерот, предизикана е и материјалната штета и на дуќаните во близина кои се во приватна сопственост. Повеќе детали за инцидентот во Струмица прочитајте Тука.

banerstrumica4

banerstrumica2