Уште еден руски новинар убиен во Киев

Рускиот новинар Аркадиј Бабченко е убиен од огнено оружје во близина на својата куќа во Киев, пренесува во вторникот Тасс.

Новинарот загинал како последица од прострелните рани.

Како што пренесува руската агенција, Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека во центарот на Киев е ранет државјанин на Руската Федерација, кој е роден во 1977 година.

„Од здобиените рани тој загина во возилото на Итната медицинска помош. Страданиот е водител на една телевизија“, се вели во соопштението.

Украинската агенција УКРИНформ, исто така. ја пренесе веста дека е убиен Бабченко, повикувајќи се на порака на Twitter на еден од вработените во украинскиот парламент.

Десет часа пред информацијата за убиството, Бабченко напиша дека денеска му е „втор роденден“ зашто на тој ден пред четири години можел да загина во хеликоптер кој бил соборен на планината Карач, но оти не бил примен на тој лет зашто немало место во леталото.

Работеше како воен дописник во за везникот Новаја газета, соработуваше со Првиот канал на руската телевизија, а известуваше за судирите меѓу Грузија и Јужна Осетија. Во Киев водеше програма „Прајм Бабченко“ на каналот АТР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.