Уште еден скопјанец убиен во Сирија

Младо момче, етнички Албанец од Скопје е убиено во Сирија, што е нов најмалку шеснаесетиот македонски државјанин кој го загубил животот во сирискиот конфликт борејќи се на странта на радикалните исламистички групации.

Станува збор за 23-годишниот Е. Исени, роден во Арачиново, со место на живеење во Скопје.

На почетокот на 2014 година, Е. Исен, на свои 19 години се приклучил на војната во Сирија, додека веста за неговата смрт, членовите на неговото семејство ја добија од неговите другари кои се’ уште се таму. Според процените на безбедносните служби, блискоисточните боишта во моментов се борат околу 60-ина македонски државјани.

Последен потврден случај на загинат македонски дражавјанин во Сирија беше во септември 2016 година кога беше објавено дека 24-годишен Албанец од Македонија загинал како припадник на борбени формации во Сирија. Според приштинскиот весник Bota Sot, станува збор за жител на скопското село Сарај, со иницијали Б.Ш. Весникот тогаш се повика се повик на информации добиени од страна на семејството на загинатот во Сирија. Според нив, младиот од Сарај заминал доброволно за да се бори во Сирија.

Пред овој случај а загинат македонски дражавјанин во Сирија во август 2014 година за дваесет итригодишниот Бурхан Беслими од скопската населба Гази Баба, загинал како борец на една од радикалните исламистички сили на боиштето во Сирија. Тогаш беше објавено дека според непотврдените информации, Беслими во Сирија се борел во редовите на џихадистичкото движење Исламска држава под името Абу Бакр ал-Сидик.

Во јануари истата година порталот на алабански јазик Portalb јави дека 22-годишниот Алим Османи од Скопје тогаш беше четвртиот Албанец од Македонија кој загинал во Сирија борејќи се на страната на Слободната сириска армија (FSA) против војската на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Веста тогаш ја потврдија неговите најблиски кои изјавиле дека Османи заминал во Сирија во средината на минатата 2013 година за да им се придружи на бунтовниците кои се борат против власта на Асад.

Во мај 2013 година беше убиен 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта, кој подолго време живеел во Австрија. Осум месеци пред да биде убиен заминал за Сирија и се борел на страната на Џабхат ан-Нусра односно сириското крило на Ал Каеда. Потоа беше убиен оџата од Скопје, Сами Абдулахи. Тој загинал во жестоките борби меѓу сириските бунтовници и милициите на Курдите во Сирија кон средината на јули кај Рас ал-Аин каде им беше нанесен тежок пораз на борците на движењата Фронтот ан-Нусра во кој според разузнавачки информации се борат и платеници и исламски фундаменталисти од Босна и Херцеговина, јужна Србија, Косово и Македонија.

Во летото 2016 година беше изведено третото продолжение на акцијата „Ќелија“ во кое беа уапсени во Турција петмината македонски државјани под сомнение дека се припадници на терористичката Исламска држава и радикализирани од џихадисти во Македонија и посетувале верски предавања на радикални имами во нивните градови каде започнало нивното индоктринирање и радикализирање во кое биле инволвирани лица опфатени во претходните акции „Ќелија“. Првите 11 уапсени кои се товарат дека соработувале со екстремната сунитска организација Исламската држава ја признаа вината и се осудени, а во акцијата „Ќелија 2“ беше поднесена кривична пријава против седум лица, четворица беа уапсени, а тројца недостапни за полицијата.