Уште еден убиен Палестинец во Газа

Палестинец од појасот Газа беше убиен вчера во напад на израелската армија во Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство. Убиениот фрлал камења врз израелските војници, кои отвориле оган кон него, источно од палестинскиот бегалски камп Бураидз во централниот дел на Газа, во близина на границата со Израел.

Смртта на жител на Газа е прва од петокот, 30 март, кога 18 луѓе од Газа загинаа за време на протестот и пресметката со израелската армија.
Се предвидува дека во петок ќе се одржат нови големи демонстрации, со што се зголемува можноста за понатамошно крвопролевање во областа, објави АП.

Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман претходно изјави дека армијата нема да се откаже од остриот одговор на масовните протести во близина на границата меѓу Газа и Израел,организиррани од милитантната група Хамас.

Либерман предупреди дека секој кој се приближува до границата го става својот живот во опасност.