Уште еден великан ја напушта Русија, Белгија подобра од Бразил

Фудбалската репрезентација на Белгија е пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Русија, откако во петокот вечерта во Казан со 2:1 (2:0) го совлада во четвртфиналето големиот фаворит за титулата Бразил предводена од најскапиот играч во историјата Нејмар.

Белгија поведе со 2:0 во првото полувреме кога изненадија со тактичката поставеност со автоголот на Фернандињо во 13 минута и голот на Кевин де Брујне во 31 минута, додека надежите на Бразилците накусо ги врати резервистот Ренаго Аугусто во 76 минута.

Фернандињо многу лошо реагираше по белгискиот удар од аголот, кога ја наведна главата па топката го удри во рамето и скршна во бразилската мрежа. Де Брујне зголеми на 2:0 од брз противнапад во кој најголемата работа ја одработи Ромелу Лукаку кој претрча 40 метри пред одлично да го послужи стрелецот кој со прецизен удар од 20-ина метри ја погоди противничката мрежа. Во продолжението од првото полувреме, како и во текот на вториот дел, Бразил создаваше опасни ситуации пред белгискиот гол, но од многуте шанси само Аугусто во 76 минута успеа со глава да го искористи одличното нафрлување на Кутињо и да го совлада Куртоа, кој десет минути подоцна одлично интервенираше и да ја префрли топката над пречката по ударот на Нејмар од работ на шеснаесетникот.

Бразил на самото отворање на мечот не реализираше две идеални шанси за водство по изведени корнери. Прво Миранда во 8 минута во очигледно увежбана акција је сврти топката кон петерецот каде налета Тиаго Силва кој ја зафати топката само со градите и ја погоди стативата. Само две минути подоцна по ниско нафрлување од корнер и пропуштање на топката на првата статива, голема можност се создаде за Паулињо, но тој непречен од седум метри не ја погоди топката. Казната стаса веднаш со автоголот на Фрнандињо. По примениот погодок, Бразил порешително тргна кон белгискиот гол, но со тоа оставаше голем простор за брзите и прецизни проигрувања на Белгијците што резултираше со вториот гол во мрежата на немоќниот Алисон. До крајот на полувремето и двете селекции имаа по една шанса. Габриел Жезус во 36 минута непречен од шест метри шутираше слабо со глава, додека во самата завршница по изведен корнер Компани на спротивната страна луцидно се обиде од петерецот да го изненади Алисон, но овој беше концентриран.

Бразилскиот селекетор Тите вод првата минута во второто полувреме трган со двајца напаѓачи во шпицот, откако на Габриел Жезус му го придодаде Фирмињо, но тоа не функционираше па во 58 минута го повлече од игра Жезус, а го воведе на крилната позиција Даглас Коста, а од 73 минута се обиде и со стрелецот Ренато Аугусто. Но сето тоа беше јалово, Бразил ја имаше надмоќта но до погодокот на создаде посериозна шанса,а потоа во десет минути создаде три голем прилики: Аугусто во 80 минута одби одлична топка од Кутињо но шутираше крај голот, потоа и самиот Кутињо од десетина метри многу лошо шутираше и на крајот Куртоа го одбрани ударот на Нејмар.

За Белгија ова е втор пласман во полуфиналето на светските првенства во историјата, а досега најдобриот резултат го оствари во Мексико во 1986 година кога беше четврта.

Со елиминирањето на Бразил во конкуренцијата остануваат само европски селекции. Белгија во полуфиналето во вторник 10-ти јули во Санкт Петербург ќе игра против Франција којашто претходно во саботата во Нуижни Новгород со 2:0 (1:0) го совлада Уругвај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.