вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 20

Уште еден земјотрес на новозеландскиот Јужен Остров

Нов силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степена по Рихтеровата скала денеска го погоди новозеландскиот Јужен Остров.

зеланд

Поврзани вести

Потресот бил во 13:45 по локално време со епицентар на длабочина од 10 км, на околу 120 км североисточно од Крајсчрч.

Земјотресот е регистриран 12 часа по потресот од 7,4 по Рихтер во кој загинаа две лица и беше погодено подрачје 90 км од Крајстчрч.

Крајстчрч е најголем град на новозеландскиот Јужен Остров. Во февруари 2011 година беше погоден од земјотрес во кој загинаа 185 луѓе и беше предизвикана голема материјална штета.

Најчитани вести