Уште еден борец од Бих загина во Сирија

На Фејсбук била објавена информација дека овие денови во Сирија како војник на исламските држави Ирак и Шама загинал Мидхат Џоно од Сараево.

Како што се наведува пред смртта Џоно учествувал и во акциите на Курдите. Неговиот прекар во Сирија бил Усама Босна, а починал при враќање од акција.

Мидхат Џоно живеел во Сараево и бил најблизок соработник на Бајро Икановиќ, кој бил ранет, но и понатаму е на бојните полиња.

Досега во Сирија загинале најмалку седум лица од БиХ.

Според информациите најмалку 52 лица од БиХ се бореле во Сирија. Наводно во земјата се вратиле 32 лица, а во Сирија се останати уште 20.