Уште една лага на медиумите на СДСМ – „Плусинфо“ објави изјава која Орав воопшто не ја дал

Нова лага на медиумите под контрола на опозициската СДСМ. Интернет порталот „Плусинфо“, објави изјава на евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, која всушност тој и воопшто не ја дал во текст под наслов: „Орав: Македонија не забележа напредок во ниту една сфера“.

На општо изненадување, „Плусинфо“, чиј уредник Бранко Героски е главен експонент на СДС,М објави вест дека наводно Аиво Орав денеска при презентација на извештајот за земјава во ЕУ инфо центарот во Скопје, наводно рекол дека Македонија не забележала никаков напредок, и тоа во ниту една сфера. Таа изјава на Орав всушност е фантомска, поточно продукција на нечија имагинација.

Инаку, денеска, Република Македонија ја доби седмата последователна препорака од Европската комисија за отворање на преговорите за членство во Европската унија, но под услов целосно спроведување на договорот од јули/јуни и да се почне со реформи по препораките на ЕК.

Ова предмалку пред пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскито парламент (АФЕТ-група) во Брисел го соопшти еврокомесарот за преговори за проширување ЈоханесХан, пренесува МИА.

Претставувајќи ја Стратегијата за проширување за 2015 година, Хан за Македонија потврди дека има нова препорака со очекуваниот услов, поточно заради проектите и работата на Владата препорака, заради кризата креирана од СДСМ услов.