понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Уште една причина да не го сакате понеделник – тогаш сме најгрди?!

article-2331239-0888459e000005dc-588_634x396

Последни вести

Жените најгрдо се чувствуваат во понеделник наутро – затоа компаниите кои продаваат произоди за убавина токму тој ден најмногу ги рекламираат своите производи.

Понеделничкото утро никому не му е драго. Во преголема гужва сме за да се нашмникаме како што треба, премногу уморни за да одиме во теретана и уште се опоравуваме од викендот. Една студија открива, не само дека се чувствуваме најгрдо , туку и овој факт им користи на компаниите кои продаваат производи за нега на убавина и така заработуваат на несигурноста на жените.

Студијата, што ја спровела една лондонска медиумска агенција, е направена за да се открие кога жените се чувствуваат најнепривлечно и како таа слаба точка би можеле да ја искористат компании кои продаваат производи за убавина. Жените од 18 година на нагоре се прашани кога се чувствуваат најнепривлечно за да се открие најпогодното време за рекламирање.

Причините за тоа најчесто се стрес, недостаток на мотивација, физичките и емотивните ефекти од викендот кои се манифестираат на лицетот.

Од друга страна, жение најдобро се чувствуваат во четврток, кога работната недела е при крај, а викендот е на повидок.

Најчитани вести