Уште едно потценување: Спасовски во Гостивар не им оддаде почит на загинатите во Диво Насеље

чнаа се погласно да го изразуваат својот револт од политичкото решение на СДСМ за министер. За нив не може да има кредибилитет човек кој не ги ни погледнал додека се бореле во Куманово и потоа со месеци ги лекувале раните. Отворено се сомневаат во неговиот капацитет да ја води македонската полиција кога во најкритичните денови му било поважно да се фотографира во Диво Насеље.

Тоа што Спасовски проценил дека нема потреба да им укаже почит и сочувство на семејствата и за сметка на тоа решил да се прошета по локалните продавници претставува врвно лицемерие и понижување на жртвите. Веќе втор пат се случува истиот срамен чин и колегите на Ненад и Горан се сомневаат дека е случајност.

Повторно неговата проценка беше дека повеќе политички поени ќе собере сликајќи се со локалното население наместо да ги посети семејствата на загинатите бранители Горан и Ненад. Својата посета на Гостивар ја сведе на посета на неколку продавници за бела техника, кројачи и едно кафуле.

Полициските специјалци велат дека разбираат дека Спасовски нема никакво искуство во ресорот и не очекуваат ништо сериозно од него со оглед дека доаѓа како привремено, техничко решение. Сепак, очекуваат истиот да престане со ваквото потценување на нивната жртва и да се извини за Диво Насеље кога им даде предност на локалните жители со кои се сликаше, а воопшто не се заинтересира за состојбата на полицајците.