Уште едно проштално писмо најдено во притворската ќелија на Праљак во Хаг

Поранешниот челник на Хрватскиот совет на одбраната (HVO), геrnji list.нералот Слободан Праљак, кој беше осуден од Хашкиот триубинал за воени злосторства сторени во војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година, и кој седмицава откако му беше потврдена пресудата во судницата испи отров, освен на семејството оставил проштално писмо и на својата адвокатка Ника Пинтер.

Писмото е пронајдено во неговара ќелија а на него пишувало „за Ника“

„Во неговата соба, меѓу останатите работи најдовме и коверта на која пишуваше ‘Ника’“, изјавила Пинтер за загрепскиот дневен весник Jutarnji list.

Пинер го застапуваше Праљак од почетокот на неговото предавање на Хашкиот трибунал, па со текот на сиве овие години тие станале блиски и домашни пријатели.

Пред да замине да ја слушне пресудата тој на адвокатката ѝ кажал да остане цврста како секогаш. „Биди цврста и говори како што говориш. Упати ги на Архимедовиот закон“, рекол Праљак.

Содржината на писмото сѐ уште не е позната, а моментално се наоѓа на разгледување и е предмет од истрагата за самоубиството на генералот. Адвокатката ќе го добие писмото откако ќе се завтши истрагата.

Неговта адвокатка рекла дека генералот никогаш не ги оставал работите недовршени, сигурно испланирал се, па и неговото самоубиство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.