Уште едно српско семејство настрада во сообраќајка во Македонија

Едно лице загина во страшна сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот Велес –Демир Капија.

Како што јавува МВР, во текот на вчерашниот ден околу 05,20 часот на автопатот Велес–Демир Капија, кај  Неготино случена е сообраќајна незгода при што И.В.(41) управувајќи возило „Даеву Тукама“ со српски регистерски ознаки во кое сопатници биле Љ.В. (55) и три малолетни лица на возраст од десет, осум и една година изгубила контрола над истото, по што удрила во оградата и преминала од спротивната насока.

Во незгодата на самото место починал Љ.В., а со тешки телесни повреди се здобила возачот И.В и со телесни повреди се здобиле трите малолетни деца по што со возило на ИМП биле пренесени во Медицинскиот Центар-Велес за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ПС-Кавадарци. Се работи на целосно расчистување на случајот.