Уште шест месеци економски санкции против Русија

Уште шест месеци економски санкции против Русија
Уште шест месеци економски санкции против Русија

Советот на ЕУ денеска официјално ги продолжи економските санкции против Русија за шест месеци, до 31 јули 2016 година.

Одлуката е поддржана од 28-те земји членки на Унијата кон крајот на минатата недела, а денеска стана конечна.

Процедурата за продолжување на санкциите се очекува да биде завршена утре, кога решението ќе се објави во службениот весник на ЕУ.

Економските санкции против Русија првпат беа воведени во јули 2014 година поради анексијата на Крим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.