Уште викендов нестабилно, од понеделник вистинска пролет

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти околу девет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утре температурата ќе биде без поголеми промени, утринската од четири до 12, а дневната од 17 до 24 степени.

Од понеделник времето ќе биде постабилно и потопло со благ пораст на дневната температура.