Јustpaste.it: Дали овој скандал е доволен за германската амбасада или Дојче Веле во Скопје, или колку е важен Стевица Јосифовски за Зоран Заев?

Во овој момент постојат интересни регрупирања во менаџерскиот борд на Македонски Телеком особено со позицијата на Оперативен директор на компанијата. Првото име кое се јавува за таа позиција е Стевица Јосифовски, адвокат и моменталниот раководител на правниот тим на владеачката партија СДСМ, пишува justpaste.it. пренесува Журнал.нет.

Тој е поранешен вработен во Телеком и поранешен раководител на правниот тим од 2014 година, тој во моментов раководи со адвокатска фирма заедно со исто така поранешна вработена во Телеком, Сања Миловановиќ.

Ривалот кој претендира за истото работно место Оперативен директор е Назим Буши, важна фигура во ДУИ, главниот коалиционен партнер на СДСМ. Господиот Буши и неговите членови на фамилија се долгогодишни политички фигури на политичката сцена во Македонија уште од 2002 година.

„За господинот Јосифовски постои голем конфликт на интереси да биде поставен на позицијата Оперативен Директор. Постојат шпекулации во Државната Комисија за заштита на конкуренција дека господинот Јосифовски сака да биде поставен на позцијата Оперативен Директор за да добие тужби кои ги има подигнато во изминатите две години. Тој лобира кај бизнис партнерите и фирмите кои соработуваат со Телеком да поднесуваат тужби против Телеком за да кога тој ќе дојде на позицијата Оперативен Директор да добие парична компензација за активноста од Телеком и од неговите бизнис партнери“, пишува justpaste.it.

На пример сумата за компензација може да достигне и до 200.000 евра за само еден случај со фирма соработник на Телеком. Сегашниот Оперативен директор Назим Буши е запознаен со активностите и сака да ја задржи својата сегашна позиција и со тоа да ја заштити компанијата.

zaev_petersen1_1__small-640x400
Премиерот Зоран Заев ризикува дури и да се скара со својот коалиционен партнер ДУИ само за да го смести Јосифовски како Оперативен директор на местото на Буши со аргументот дека Јосифовски знае за сите дупки во законот во договорот на Телеком и може да ја закопа компанијата со тужби. На друга страна, Дојче Телеком во моментот работи да направи компромис и да ја подели позицијата Оперативен Директор и да ги задоволи и двете парии со место во бордот на директори.

Господинот Јосифовски како поранешен вработен во Државната комисија за заштита на конкуренцијата сеуште има силни конекции во оваа институција, кои се осигурани со политичката моќ која тој ја поседува, планира да се бори со Дојче Телеком ако не му го исполни барањето да биде поставен Оперативен Директор. Како планира да го направи ова ?

Да се вратиме три години наназад кога опозицискиот лидер Зоран Заев јавно изјави дека поседува прислушкувани материјали од членови на владата предводена од Никола Груевски. Господинот Јосифовски беше правниот советник кој ги слушна прислушкуваните материјали заедно со господинот Заев и откри во кој материјали поснови основа за покрнување на обвиненија. Многу бргу по составувањето на техничката влада, Господинот Јосифовски беше поставен за правен претставник на партијата СДСМ во ДИК за жалбите кои ги поднесе СДСМ во избирачките места во кои загуби, главно во места каде што живее доминантно албанско население.

Во меѓувреме тој се промовираше себеси како телекомуникациски експер кој се спротиставил на спојувањето на другите два мобилни оператори Вип и Оне и јавно барал од Комисијата за заштита на конкуренцијата да го запре спојувањето на двете компании. Сите овие активности и ветерот во грб од премиерот Заев става огромен притисок на новиот менаџерски тим на Македонски Телеком да го врати во Телеком но овој пат како Оперативен Директор.

Сите овие активности се невидени во германската менаџерска култура и се држат надвор од јавноста само поради улогата на тимот на Заев кој сочинуваше поранешни вработени во Телеком и УБК кои помогнаа во откривањето на скандалот со прислушкувањето со кои ја собори претходната влада. Дури и ако Дојче Телеком го прифати Јосифовски како нов Оперативен Директор тој ќе мора да ја помине проверката Оделот за Одобрување на Дојче Телеком.

Во моментов нема реакција на Германската Амбасада во Скопје или реакција од медиумите финансирани од германски пари како Дојче Веле кои долги години се најголеми критичари на корумпираноста и злоупотребувањето на функцијата на поранешната Влада.