Балкан

Усвоен буџетот на Црна Гора за 2014, вреден 1,5 милијарди евра

Усвоен буџетот на Црна Гора за 2014, вреден 1,5 милијарди евра

Собранието на Црна Гора го усвои државниот буџет за наредната година, за кој се проектирани 1,5 милијарди евра.

Буџетот го поддржале 44 пратеници на владејачката коалицвија, додека 24 од опозицијата биле против.
Во владејачката коалиција во текот на собраниската расправа оценија дека буџетото на Црна Гора за 2014 година е реален, додека опозицијата го смета за неодржлив бидејќи е последица на погрешната владина финансиска политика.

Министерот за финансии Радоје Жугиќ изјави дека предложениот буџет е актуелен израз на економската реалност во Црна Гора.Владата на Црна Гора преку буџетот ја продолжува политиката на штедење и одговорен однос.

Најголем дел од издатоците се однесуваат на пензиите, платите, социјалните давачки и каматите.