недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 8

Усвоена декларацијата за мигранти на ОН

Декларацијата изгласана денеска не содржи конкретни обрски и не е правно обврзувачка туку ги повикува земјите да ги штитат човековите права на бегалците, да нудат хуманитарна пмош и да го зголемат приемот на бегалци.

Кундерас го посети прифатниот транзитен центар Гевгелија

Кундерас го посети прифатниот транзитен центар Гевгелија

Поврзани вести

Светските лидери денеска ја усвоија декларацијата на Обединетите Нации чија цел е да обезбеди усогласен и хуман одговор на бегалската криза која се’ повеќе ги црпи ресурсите и поттикна поделба меѓу земјите од Африка и Европа.

Прашањето што да се прави со 65,3 милиони раселени во светот ќе биде централна тема и на Генералното собрание на ОН кога лидерите на 193 земји членки на светската организција ќе се соберат во Њујорк на првиот самит посветен на прашањето со големите движења на бегалците и мигрантите.

„Денешниот самит претставува пресвртница во нашите колективни напори да се соочиме со предизвикот на движењето на луѓето“, изјавил генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун повикувјќи ги светските лидери да ги почитуваат правата и достоинството на сите кои се принудени да бегаат од своите домови во потрага за подобар живот.

Декларацијата изгласана денеска не содржи конкретни обрски и не е правно обврзувачка туку ги повикува земјите да ги штитат човековите права на бегалците, да нудат хуманитарна пмош и да го зголемат приемот на бегалци. Целта на декларацијата е да се стандардизираат одговорите при бегалска ситуација и да се обезбеди подобро образование и работа за бегалците Таа истотака поттикнува на наоѓање сместуваање за бегалците и вклучува планови за кампањаза борба против ксенофобија.

Најчитани вести