Усвоени измени на Законот за лекови и медицински средства

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 80. седница  со 49 гласа „за“ и 20 „воздржани“  го поддржа Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, предложен  од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Со измените, образложи пратеникот Андон Чибишев, се овластува Агенцијата за лекови и медицински средства, на предллог на Министерството за здравство, на своја сметка да набавува одредени медицински  препарати кои се употребуваат за болните од малигни заболувања.

– Со оглед дека изготвувањето и влегувањето  на одредени препарати на позитивната листа на Фондот за здравствена осигурување  оди по некаква постапка за да добиеме повеќе  фармакотераписки  фармакоекономски податоци  за овие препарати  го предлагаме законот по скратена постапка за да може побргу да бидат набавени и достапни до пациентите, рече Чибишев.