Утре акција за чистење на плажите кои немаат концесионер

Волонтери од општинскиот Црвен крст, во соработка со ЈП „Охридски комуналец“ и Лајонс клуб од Гетебург ќе спроведат акција за чистење на отпадот од некомерцијалните плажи на охридското крајбреже, утре 10 јули (четврток), пишува Охридњуз.

Непријатната слика која, на почетокот на летната туристичка сезона ја создаваат отпадоците што ги исфрлило езерото на потегот на месноста Грашница (кај фудбалскиот стадион), и на поголем број некомерцијални плажи на Охридското крајбрежје, не поттикна да организираме еднодневна акција за собирање и селектирање на отпадот и чистење на плажите. Покрај, од копно пристапните плажи, со помош на пловните објекти на Црвен крст Охрид ќе се чистат и плажите кои имаат пристап само од вода. Ги покануваме сите добронамерни и еколошки свесни сограѓани да се приклучат на оваа акција и дадат свој допринос за почист Охрид, велат од Црвен крст Охрид.

Акцијата ќе започне во 8 часот, а собирно место е поранешниот фудбалски стадион-Грашница.

Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на Црвен крст Охрид или на телефон 046/ 261-909.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.