Утре без струја дел од Центар и Карпош

Поради закажани технички зафати во мрежата, без електрична енергија утре  во време од 18:30 – 09:20 часот ќе останат корисниците од ул. Јуриј Гагарин, од број 44 до број 60 во општина Карпош.

Како што соопшти ЦУК по информација добиена од ЕВН, без снабдување со електрична енергија од 09:40 – 12:30 часот ќе бидат корисниците од ул. Ловќенска, од број 18 до број 32 б и од 11:00 – 13:00 часот, дел од корисниците од улица Питу Гули, броевите -19, 21, 37 и 39 во општина Центар.