Утре без струја делови од Центар, Карпош, Аеродром, Гази Баба и Илинден

струја

Во времето од 6.15 до 15.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Кадино, ЗИК Пумпа, Млин Кадино, МакИнвест, МЅ Маркет, Т Мобиле Марино, Бела Земја, 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, Марино 3, 4, околу стадионот во Бела Земја и околу МЅ Маркет, сите во општина Илинден.

Во општина Карпош во време од 9.00 до 10.30 часот, без електрично напојување ќе бидат дел од корисниците од бул. 8 Септември околу број 18, а во време од 9.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од населбата во Бардовци.

Од 8.30 до 15.30 часот, ќе бидат дел од корисниците од село Јурумлери-населба Гоце Делчев и од 9.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Јурумлери-улици со броеви -2, 4 и 6 во општина Гази Баба, во време од 12.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. Тодор Чангов по улица 13 во општина Аеродром, а од 8.30 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 54 – позади НБРМ и ул. Охридска во општина Центар.