Утре без струја делови од неколку скопски општини

Поради закажани технички зафати во електросистемот утре од девет до 11 часот ќе нема струја во селата Орман и Никиштани и дел од село Волково во општина Ѓорче Петров, од 8:30 до 14 часот дел од село Рашче во општина Сарај, а од 13 до 15 часот кај ул. „Кратовска“ од бр. 2 до 18, во општинао Кисела Вода, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Утре од 11:30 до 13 часот ќе нема струја и на ул. „Битолска“ во општина Центар, од 8:30 до 9:30 часот дел од ул. „Владимир Комаров“ од крстоницата со бул. „Јане Сандански“ до ул. „Васко Карангелески“ во општина Аеродром, од девет до 12 часот дел од бул. „Митрополит Теодосие Гологанов“ и ул. „Јуриј Гагарин’ 4 и 6 во општина Карпош.

Од 10 до 11:30 часот утре ќе нема струја и на „Кеј 13-ти Ноември“ – објекти број 84, 85, 86, 87 и 88 како и околните објекти, од девет до 12 часот дел од улиците „Периша Савељиќ“ и „Тасино Чешмиче“ во општина Центар, а од осум до десет часот дел од улиците „Брадфордска“ и „Џумајска“ во општина Карпош.