Утре без струја Ѓорче, Сарај и Студеничани

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, 02.07.2013 година, без електрична енергија ќе останат делови на општините Ѓорче Петров, Сарај и Студенчани.

Од 8:30 часот до 15 часот без електрична енергија ќе бидат селата Радуша, Дворце и Сарај во општина Сарај.

Во општина Студеничани, без електрично напојување ќе бидат улиците број 6, 7 и 8 во селото Љубош, како и дел од селото Батинци во периодот од 9 до 15 часот.

Од 9 до 15:30 часот без струја ќе биде улцата 100 во селото Волково во општина Ѓорче Петров.