Утре без струја Карпош, Центар, Гази Баба

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, 18.06.2014 година, без електрична енергија ќе останат повеќе делови на главниот град.

Во општина Центар, во периодот од 8:30 до 9 часот ќе бидат корисниците од улицата Македонија.

Во општина Карпош, од 9 до 11 часот без струја ќе останат корисниците од улицата Ангел Динев, а додека пак од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците Франклин Рузвелт, Рампо Левката, Дрезденска, Ристо Равановски, Борка Талевски, како и интернатот Здравко Цветковски.

Улицата Мице Козар, како и дел од корисниците од улиците Македонска војска, Виа Игнација, Ѓуро Салај и Социјалистичка зора без електрично напојување ќе бидат од 10:30 до 13:30 часот, во општината Ѓорче Петров.

Во општина Гази Баба, без струја ќе бидат фирмите во близина на АСУЦ во периодот од 8:30 до 10:30 часот.

Од 9 до 11:30 без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата Македонско-Косовска Бригада, а од 9 до 15 часот корисниците од улиците Волт Дизни и Диме Мечето во Шуто Оризари.

Улиците 1, 2, 3 и 4 од селото Грчец во општина Сарај нема да имаат напојување со електрична енергија од 9 до 15 часот, а во истиот период бес струја ќе бидат и корисниците од улица 1 во селото Мирковци во општина Чучер Сандево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.