Утре без струја Карпош, Сарај и Шуто Оризари

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира во текот на утрешниот ден, 10.06.2014 година, без електрична енергија ќе бидат делови на општините Карпош, Сарај и Шуто Оризари.

Во периодот од 6:30 до 7:45 часот без електрична енергија ќе бидат дел од жителите и објектите на улица Скупи. Од 6:30 до 14:30 часот, пак без струја ќе бидат дел од објектите на ЈП „Водовод и канализација“ во населбата Карпош 4, во општина Карпош.

Улиците со број 1, 2, 3, 4 и 5 во селото Грчец, општина Сарај без електрично напојување ќе бидат во периодот од 8:30 до 15 часот.

Од 9 до 15 часот, во општината Шуто Оризари, нема да имаат струја жителите од улиците Гарибалди, Нов живот, Мелничка и Плачковица.