Утре без струја ќе бидат корисници од повеќе скопски општини

Од „ЕВН Македонија“ АД известија дека на ден 24.11.2017 (петок), поради претходно закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат косниците во следните скопски општини

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од улиците 1, 6 и 7 во с. Батинци. (Општина Студеничани)

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од дел од улиците Јуриј Розентал, Гвадалахара, Гарибалди и Вашингтонска. (Општина Шуто Оризари)

Во периодот од 09:30 до 13:30 часот корисниците од ул. Козле подулица 2 и Јуриј Гагарин подулица 6. (Општина Карпош)

Во периодот од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од ул. Никола Русински (објекти околу ТЦ Алуминка) и дел од Бул. Партизански Одреди во близина. (Општина Карпош)

Во периодот од 08:45 до 15:00 часот корисниците од с. Стајковци. (Општина Гази Баба)

Во периодот од 08:25 до 15:00 часот корисниците од дел од ул. Хо Ши Мин и ОУ Живко Брајковски, дел од ул. Призренска (од црквата кон каналот) и делови од улиците Зуфер Мусиќ и Љубо Петковиќ. (Општина Бутел)

Во периодот од 11:00 до 15:00 часот корисниците од дел од с. Мирковци. (Општина Чучер – Сандево).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.