Утре без струја корисници од општините Карпош, Бутел, Сарај и Студеничани

Од ЕВН Македонија АД известуваа дека во четврток поради закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат:

од 08,30 – 14,30 часот дел од улиците „Гиго Михајловски“, „Бранислав Нушиќ“, „Даскал Камчев“ и „Иван Аговски“ во општина Карпош);

од 08,30 – 14,30 часот селото Грчец во општина Сарај;

од 09,00 – 12,00 часот селото Батинци, улици 1, 6 и 7 во општина Студеничани;

од 09,00 – 13,00 часот дел од улицата „Козле“ од бројот 50-а до бројот 54 -б, како и дел од улицата „Џумајска“ во општина Карпош;

од 10,00 – 14,00 часот улицата „3“ како и околните подулици од Визбегово во општина Бутел;

од 09,00 – 13,00 часот улицата „Њуделхиска“ од бројот 1-а до бројот 9-б и улицата „Атинска“ од бројот 9-б до бројот 13-б, во општина Карпош.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.