Утре без струја корисници во Центар и К.Вода, долготраен прекин во фирми и населби во Зелениково

Од Македонија АД, известуваат дека поради технички зафати на мрежата во петокот, 12-ти декември, без снабдување со електрична енергија ќе останат кориснии од неколку улици во скопските општини Центар и Кисела Вода, а подолготраен прекин е најавен во повеќе населени места во Зелениково.

Од 09,00 до 14,30 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „20-ти Октомври“, куќни броеви од бр. 27 до бр. 42, во општина Центар;

Од 08,30 до 15,30 часот дел од улиците „Ѓорѓи Димитров“ и „Михаил и Ефтихиј“ во општина Кисела Вода;

Од 09.00 до 14.00 часот дел од улиците „Христо Чернопеев“ и „Славејко Арсов“ во општината Центар;

Од 09,00 до 16,00 часот долготраен прекин: сите индустриски капацитети во општина Зелениково како што се фирмите „Маско“, „Хајтек“, „Бујото“ и други, селата Таор и Орешани и викенд населбите Орешани и Јане Сандански во општина Зелениково;

Од 09,00 до 14,00 часот долготраен прекин: селата Страхојадица, Ново Село, Смесница, Гумалево, Градовци, Дејковец, Добрино, Тисовица, станица Зелениково, како сите останати населени места во општина Зелениково.