Утре без струја корисници во Центар и Сопиште

ЕВН Македонија АД информира дека во среда, 19.07.2017 година, без електрична енергија ќе останат:

Во периодот од 08.30 до 05.00 часот, корисниците од улицата „Филип Втори Македонски“, градилиште НБРМ, сендвичара кај МОБ, во општина Центар;

Во период од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата „Загребска“ од бр. 9 до бр. 17 , како и Факултетот за Богословија, во општина Центар;

Во периодот од 09.30 до 10.30 часот, дел од корисниците од улицата „Козара“ броевите од 1 до 10, улицата „Васил Ѓоргов“ броевите од 1 до 10 и дел на објектите на улиците „Бел камен“ и „Мајка Тереза“ во општина Центар;

Во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од село Долно Соње поточно месноста Брзовец патот кон Говрлево, во општина Сопиште.