Утре без струја корисници во Карпош, Кисела Вода, Центар и Сопиште

„ЕВН Македонија“ АД денска извести дека во петок (28.07.2017 година), без електрична енергија заради закажани технички зафати ќе останат:

Во периодот од 8,30 до 15 часот корисниците од фирмата „Интер Ал-Пин“, фирма „ВБИ БУС“ Македонија како и дел од населбата Качанички пат во Општина Карпош;

Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од потегот од ТК „Југ“ до кафаната „Вршац“ и дел од Градски парк, во Општина Центар;

Во периодот од 9 до 11 часот корисниците од дел од улицара „Јустинијан први“, во Општина Кисела Вода;

Во периодот од 9,30 до 15 часот корисниците од село Ракотинци како и селото Добри дол, во Општина Сопиште, и

Во периодот од 8,30 до 10,30 часот корисниците од дел од улицата „Петар Драпшин“, дел од улуца „Лав Толстој“ и дел од улицата „Добромир Хрс“, во Општина Кисела Вода.