Утре без струја корисници во Кисела Вода, Бутел и Илинден

„ЕВН Македонија“ АД известува дека во петокот без електрична енергија заради закажани технички зафати ќе останат:

Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од улицата „Малина Попиванова“ во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 8 до 13 часот корисниците од дел од Кучевишка Бара, фирмата „Дрво Метал“ и патот за Радишани во Општина Бутел.

Во периодот од 9 до 11,30 часот корисниците од објектот на „Свед Милк“ во населбата Илинден о истоимената скопска општина,

Во периодот од 8 до 12 часот корисниците од улицата „Христо Татарчев“, делот кај последната постојка на линија 24 и подулиците 2, 4, 6 и 15 и околината во Општина Кисела Вода

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.