Македонија

Утре без струја корисниците од повеќе делови на Скопје

Утре без струја корисниците од повеќе делови на Скопје

Поради технички зафати утре без електрична енергија ќе останат граѓаните од неколку делови на Скопје, извести регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Без струја утре од 09:30 до 15:00 часот ќе останат корисниците кои живеат на булеварот Партизански Одреди број 77, од 13:00 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од село Волково, како и корисниците од улиците 54 и  46 во Кисела Јабука.

Дел од корисниците кои живеат на улиците  Милан Марковиќ, Илија Плевев, Козле и Стрезево ќе бидат без електрична енергија од 08:30 до 15: 30 часот, а дел од селото Сарај ќе биде без струја од 09:00 до 15:30 часот.

Во периодот од 09:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од селото Сопиште, додека корисниците од селото Света Петка ќе бидат без струја од 08:30 до 14:30 часот.

Коисниците од селото Грчец, односно дел од улицата 2 ќе бидат без струја од 09:00 до 15:00 часот, а во периодот од 09:00 до 13: 30 часот без струја ќе бидат корисниците кoи живеат на улиците 58 и 76 во Волково.

Дел од корисниците од Агино Село и дел од селото Копаница ќе бидат без струја два часа, во периодот од 10:00 до 12:00 часот.