Утре без струја неколку скопски улици

Поради зафати што ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија АД, утре неколку улици ќе бидат без струја во одредени периоди на денот.

Како што извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во времето од 9 до 12 часот без струја утре ќе бидат објектит од бр.20 до бр.60 на улицата Прашка.

Од 9 до 13 часот струја ќе нема дел од улицата Знеполе.

Струјата ќе биде исклучена од 9 до 15 часот на улицата 101 во Волково, а од 8 до 11 часот струја ќе немаат дел од улиците Мите Богоевски и Блажо Орландиќ.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.