Утре без вода делови од булевар Кузман Јосифовски Питу и ТЦ „Веро Џамбо“

Утре од 8:00 часот без водоснабдување ќе останат корисниците од Кузман Јосифовски Питу, ТЦ „Веро Џамбо“, а со намален притисок ќе бидат корисниците од населбата Пролет во Општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф – 200 мм на булеварот Кузман Јосифовски Питу бб (спроти ТЦ Веро Џамбо).