Утре без вода делови од општина Центар

Утре поради технички зафати без вода ќе бидат корисниците од делови од општина Центар.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје,   ги известува граѓаните дека на ден 17.02.2016 ( среда ) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на раскрсница меѓу  улиците „Ѓуро Ѓоновиќ“ и „Стеван Цветковски“, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работите без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало и дел од Народна Банка на Република Македонија во општина Центар.